Македонија

Fujifilm Advanced Research Laboratories

Ние ги формиравме Fujifilm Advanced Research Laboratories во 2006 година да му служат на Центарот за истражување и развој на групацијата Fujifilm. Оваа лабораторија соединува научници и инженери од компании на групацијата, кои соработуваат со цел истражување и развој. Во овие полиња спаѓаат органска синтеза, тенки повеќеслојни премази, прецизно микромашинство, дизајн на леќи, ласери, печатење и обработка на фотографии.

Fujifilm Advanced Research Laboratories има структура на меѓусебно поврзани лаборатории. Frontier Core-Technology Laboratories се фокусира на револуционерните технологии кои имаат потенцијал да ја променат иднината. Synthetic Organic Chemistry Laboratories се концентрирани на органските материи со високи перформанси за нивна поширока примена. Advanced Marking Research Laboratories бараат иновации во технологиите на печатење. Life Science Research Laboratories и Regenerative Medicine Research Laboratories ги истражуваат новите можности во биохемијата, фармацијата и поврзаните области на животни науки, каде што Fujifilm забрзано се развива.

Профил на лабораториите

Адреса 577-1 Ushijima, Kaisei Town, Ashigarakami-gun, Kanagawa Prefecture, 258-8577 Japan
Телефон 0465-86-1111
Англиски назив Fujifilm Advanced Research Laboratories (FF ARL)
Вкупна површина Приближно 56.000m2 (со исклучок на снабдувањето со енергија)
Почетен број на вработени Приближно 600